„Чкембари“и „Комити“ дивееле за време на фудбалски натпревар

Наввачките групи „Чкембари“ и „Комити“ дивееле за време на натпреварот меѓу „Вардар“ и „Пелистер“. Навивачите кршеле врати и палеле пиротехнички средства на трибини.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи во арената „Филип Втори Македонски“ за време на вчерашниот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на навивачката група „Чкембари“, кои со употреба на сила ги искршиле вратите на тоалетите.  А навивачите и на „Чкембари“ и на  „Комити“ запалиле  пиротехнички средства.

По завршување на натпреварот околу 18,30 часот по претходна пријава за нарушен ЈРМ со тепачка помеѓу група на лица на “Кеј Димитар Влахов”  затекнат е 19-годипниот Д.С. од Скопје и против него е поднесена соодветна пријава.  Додека  на булевар “11 Октомври” во автобус на ЈСП бр. 24 затекнати се лицата Т.Т.(18) и Х.Г.(16) двајцата од Скопје, кои го прекршиле јавниот ред и мир.