Член на општинска изборна комисија: Тврдам дека тоа во приговорот на СДСМ е невозможно

Не ви се обраќам само вас како на Државна изборна комисија туку на целата македонска јавност, а тоа е дека гласањето беше организирано совршено, беспрекорно без ниту една, писмена или усна забелешка во било кој дел од самото гласање, изјави членот на општинската комисија по однос на приговорот кој го поднесе СДСМ за гласачкото место 2016, во 6-та  изборна единица.

-И кога се отвори кутијата и се броеја гласовите не беше дадена никаква забелешка , ниту од избирачкиот одбор. И сепак беше потсетено и прашано дали има некој забелешка затоа што забелешките се упатуваат и пред отворањето на гласачката кутија и за време на процесот на пребројување. Комплетно како што треба со сите проверки и како што е практичен формуларот на записникот за сумирање и утврдување, фактички се совпаднаа резултатите со нула, во секој поглед. И затоа ние, еве јас тргнувам од себе, но гарантирам и за сите, рече членот.

Дума и Милев му поставија прашање дали е од дел од општинската комисија како член на политичка партија, а тој им одговори дека е дел од комисијата од делот од Јавна Администрација.

-Јас со целиот граѓански, стручен и професионален интегритет тврдам дека она во приговорот е невозможно,  заклучи членот на општинската изборна комисија.