Членките на ОН ѝ должат 3,5 милијарди долари

Членките на Обединетите нации ѝ должат на организацијата 3,5 милијарди долари придонеси за оперативниот буџет и за мировни операции, изјави Јукио Такасу од ОН, објави МИА.

Тој оценува дека општата финансиска ситуација во Светската организација е „здрава и генерално добра, ако се изземе оперативниот буџет“. Такасу вели дека членките должат нешто повеќе од 950 милиони долари придонеси за оперативниот буџет, од кои 800 милиони должат САД, 77 милиони Бразил и 28 милиони Венецуела.

Мировните операции на ОН се финансираат од посебен буџет. Во тој буџет недостасуваат 2,6 милијарди долари, тврди тој. Франција должи најмногу – 356 милиони долари, потоа САД 337 милиони долари и Италија околу 250 милиони долари.