понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 65

Членот на „Златна зора“, кој е обвинет за убиство на грчкиот рапер, е пуштен во домашен притвор

101893847

Последни вести

Членот на грчката крајно десничарска партија „Златна зора“, Јоргос Рупакиас, кој е обвинет за убиство на раперот Павлос Фисас, денеска е пуштен во домашен притвор.

Рупакиас го напушти затворот поради истекување на 18-месечниот времен притвор поради убиството на Фисас, извршено во септември 2013 година.

Тој ќе остане во домашен притвор под строг надзор се до завршување на делото.

Грчкиот рапер беше убиен со два удара со нож во грлото во ноќта меѓу 17 и 18 септември 2013 година. Тогаш 45-годишниот Рупакиас го призна убиството, откривајќи дека претходно бил во контакт со висок функционер на партијата.

Убиството на Фисас предизвика антифашистички протести и доведе до спроведување остри мерки на државата кон „Златна зора“.

Најчитани вести