недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Членови на ДИК: Има услови за одржување на изборите на 24-ти април

DIK

Поврзани вести

Супхи Јакупи, член на Државната изборна комисија смета дека денешната изјава на претседателот на ДИК Чичаковски, дека ДИК не е подготвена за 24 април 2016 година и за прочистување на избирачкиот список ќе бидат потребни 3 до 4 месеци, е лично негова изјава и став, а не е став на ДИК.

Јас мислам дека ДИК требаше да има состанок и да ја разгледаме целата состојба, после сегашната политичка состојба и да заземеме став како Државна изборна комисија. Да го проучиме тоа дали, веќе ако ни даваат согласност на методологиите политичките партии и да ги усвоиме, ДИК и затоа има своја надлежност и затоа е поставена, да може навремено да ги зазема сите потребни дејствија за да биде подготвено за избори, вели Јакупи.

Според него ако се вклучат сите институции да помогнат, сите актери кои се обврзани со методологијата да помогнат и да бидат прифатени како овластени претставници избирачкиот список ќе биде прочистен.

Тогаш ДИК може да биде подготвена и овој документ да биде валиден, да биде спремен за да имаме избори кои се закажани за 24 април, потенцираше Јакупи.

За изјавата на Чичаковски денеска реагираше и Сашо Срцев член на ДИК.

Според него претседателот на ДИК денеска направи огромен преседан и  излезе со личен став претставувајќи го како став на целата изборна комисија.

Со тоа ја узурпираше целата комисија и постапи спротивно на сите законски норми. Одговорно тврдам комисијата ниту раправала, ниту донела заклучок како што презентираше денеска Чичаковски. Напротив комисијата има извонредна соработка , меѓу институционална со сите институции во државата и сметаме и личен мој став е дека имаме капацитет и можности за да ги спроведеме предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година како што стои и во изборниот законик  бидејќи тој рок е озаконет во изборниот законик, вели тој.

Најчитани вести