Членови на ПКК украле 400 килограми експлозив

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) украле 400 килограми експлозив од камион на приватна фирма во југоисточна Турција.

Припоадници на ПКК вчера во округот Шарнак зазеле камион кој сообраќал кон јагленокоп. Возачот на камионот по кратко време бил ослободен, а експлозивот бил натоварен во друг камион.

Турската армија презеде операција за апсење на сепаратистите и запленување на експлозивот. Во реонот се испратени четири екипи командоси, воен хеликоптер и разузнавачки авион.