четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 47

Членови на УПОЗ: Ременски не покани на средба, не примија Тренчевска и Царовска

На состанокот требаше да се разговара по оваа за нас многу сериозна тема за која баравме и сакавме да разговараме лично со најодговорниот во моментот односно техничката министерка г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, но наместо средба со министерката, не прими шефот на кабинет на техничкиот министер г-ѓа Јована Тренчевска и лицето Мила Царовска која не знаеме во кое својство беше на состанокот, само од јавноста знаеме дека е претседател на Партиската комисија за труд на СДСМ, велат од УПОЗ.

remenski

Поврзани вести

Членови на УПОЗ преку писмено соопштение денес ја информираат јавноста дека еден час пред прес – конференцијата што ја одржаа пред Министерството за труд и социјална политика од страна на техничкиот министер Фросина Ташевска Ременски со СМС им бил закажан состанок по одржување на прес конференцијата во Министерството за труд и социјална политика.

Наместо со Ременски, членовите на УПОЗ оствариле средба со шефот на кабинет Јована Тренчевска и претседателката на Партиската комисија за труд на СДСМ, Мила Царовска.

Членовите на УПОЗ вчера на прес конференција побараа од Ременски да не го легитимира мандатот на Грујовски

Членовите на УПОЗ вчера на прес конференција побараа од Ременски да не го легитимира мандатот на Грујовски

Интегрален текст од соопштението на членовите на УПОЗ:

Би сакал да ве информирам дека, заедно со колегите со кој го држевме пресот отидовме на закажаниот состанок со техничкиот министер Фросина Ташевска Ременски но истата  иако не покани, не не удостои со прием и воопшто не присуствуваше на состанокот кој беше закажан лично од неа.

На состанокот требаше да се разговара по оваа за нас  многу сериозна тема за која баравме и  сакавме да разговараме лично со најодговорниот во моментот односно техничката министерка г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, но наместо средба со министерката,  не прими шефот на кабинет на техничкиот министер г-ѓа Јована Тренчевска и лицето Мила Царовска  која не знаеме во кое својство беше на состанокот, само од јавноста знаеме дека е претседател на Партиската комисија за труд на СДСМ.

На состанокот бевме информирани дека дописот кој го  испративме официјално  до министерката г-ѓа Фросина Ташевска Ременски уште на 9.12.2015 година и кој уредно е заверен и предаден во архивата на Министерството за труд и социјална политика, а со   кој ја известуваме министерката за целата незаконска постапка која ја спроведува лицето Пецо Грујовски во Синдикатот на УПОЗ,  со непочитувањето на Статутот на Синдикатот на УПОЗ, поврзани со процедурите и начинот на организирање на Седмото собрание на Синдикатот на УПОЗ односно изборите кои требаше да се одржат во синдикалните организации членки на Синдикатот на УПОЗ, не го добиле, односно не знаеме од кои причини не сакаа да кажат дека го имаат добиено.

Преку ова соопштение лично од министерката г-ѓа Фросина Ташевска Ременска  бараме да се огради и да не биде учесник во кршењето на законите, со потпишување на решение со кое би овозможила запишување во регистарот на синдикати на нов мандат за застапување на Синдикатот на УПОЗ од лицето Пецо Грујовски – ( лице против кого имаме поднесено кривична пријава ), односно ја предупредуваме дека со потпишување на такво решение  би дала легитимитет на еден недемократски и нестатутарен, а воедно и не законски чин и со тоа дејство и самата ќе направи прекршување на законот.

Воедно сакаме да ја запознаеме јавноста и министерката дека во  Република Македонија има институции на кои им веруваме и кои според  Уставот и  Законите во Република Македонија ќе го расчистат овој случај докрај и ќе спроведат соодветна правна завршница .

Најчитани вести