Членовите на ДИК на средба со претставници на ОБСЕ/ОДИХР

дик

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР биле информирани за подготовките на Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година ќе ја предводи амбасадорката Каетана де Зулуета, која утре на прес-конференција ќе ја претстави мисијата и претстојните активности.