Членовите на „Солзи и смеа“ имале сообраќајка на Плетвар

Членовите на театарската група Солза и смеа, викендов имаа сообраќајна незгода на Плетвар, објави битолската телевизија Тера.

Во саботата на 21 декември нешто после 11 часот, на пат за Скопје, на планинскиот превој Плетвар после тунелот, автомобилот со кој што се превезувале им излизгал на патот и се превртиле. Од драмската група велат дека пред нив имало и други два битолски автомобила кои заради лизгавоста на патот, излетале од коловозната лента.

За среќа никој од групата не е повреден, рекоа за Тера Телевизија. Го продолжиле патот до Скопје каде имале професионален ангажман, а потоа се вратиле во Битола.