Чоколаден афродизијак и вкусна манџа за ручек

Состојки

1 шолја за кафе брашно

2 шолји за кафе шеќер

4 лаж. какао

2 лаж. сода бикрабона

2 шолји за кафе јогурт

пола шолја за кафе масло

14 лаж. шеќер

14 лаж. млеко

100 гр. маргарина

200-300 гр.чоколада

Упатство за употреба

Брашното, шеќерот, какаото и содата ставете ги во сад и измешајте ги рачно. Додадете ги јогуртот и маслото и добро измешајте. Испечете во подмачкан и со брашно посипан плех.

Глазура

Во тенџере ставете шеќер, млеко, маргарин истопете ги па додадее чоколада и варете додека не се истопи и не проврие. Потоа прелијте преку млакото тесто. Кога ќе се олади служете со сладодолед  од лешник и чоколада.

mandzaВКУСНА МАНЏА СО ЗЕЛЕНЧУК

Состојки

масло

пола главица кромид

2-3 чешниња лук

пола лаж, црвен пипер

200 гр. свинско за гулаш

2-3 средни компири

2 средни моркови

200 гр. смрзнат грашок

200 гр. смрзната боранија

1 коцка говедска супа

1 лаж доматно пире

1 домат

сол, црн пипер,

Вегета

Подготовка:

Кромидот и лукот исечкајте ги ситно и динстајте ги на масло, додадете ги црвениот пипер и потоа додадете го месото. Добро измешајте и малку издинстајте за да го пушти сокот.

Додадете ги компирот и морковот исечкани на коцки, измешајте и динстајте. Мешајќи додадете лажица вегета, сол, залијте со вино и нека испари малку. Потоа мешајте.

Кога сосот ќе се згусне, додадете ги доматното пире и доматот. Потоа налијте со вода за се убаво да биде покриено. Додадете ја коцката говедска супа, поклопете и варете 15-на минути.

Замрзнатиот грашок и боранија извадете ги од кесичката и исплакнете ги. Кога компирот е полусварен, додадете ги грашокот и боранијата. Во садот додадете вода по потреба за се да биде покриено.

Готово е кога се ќе биде сварено и ќе се создаде убав густ сос.