Чоколаден колач со јаболка

Се што ви треба за овој вкусен и лесен колач е шолја вода, половина шолја масло, шолја шеќер, 2 шолји брашно, 2 лажици џем по избор, 2 јабка, прашок за печиво, 3-4 лажици какао прав, 50 грама темно чоколадо.

Начин на подготовка:

Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Сите состојки освен чоколадото добро измешајте ги, па додадете ги јаболката во смесата.

Промешајте неколку минути, па потоа мешавината истурете ја во тава подмачката со масло и посипана со брашно. Печете 40 минути на 180 степени. Жешкиот колач прелијте го со глазура од растопено чоколадо. По желба, послужете со сладок зачин или сезонско овошје.