Чоколаден мус за само четири минути

Секако, важно е сите состојки да ви бидат при рака, но кога ќе го вклучите миксерот, слободно пуштете и штоперка…

Состојки:

100 гр црна чоколада (најдобро е да ја употребите онаа со 70 отсто како во прав)

300 мл слатка павлака

50 гр шеќер во прав

1 белка од јајце

2 лажици ликер „амарето“

Подготовка:

Искршете ја чоколадата на парчиња. Во тенџере загрејте половина од павлаката (150 мл) додека не почне да врие, тргнете ја од огнот и додадете ги парчињата чоколада со постојано мешање додека не се стопат. Префрлете во сад за матење, а него ставете го во друг сад полн со мраз. Додадете го остатокот од павлаката и ликер. Мешајте со миксер додека на површината се појават меки пенасти врвови.

Во друг сад измешајте ја со миксер белката со шеќер во прав. Полека измешајте ги со лажица чоколадната смеса и изматената белка и послужете во добро разладени садови. Декорирајте по желба.