Чоколадна торта во четири бои

Тортата со четири чоколадни вкусови изгледа преубава, се подготвува едноставно и е превкусна.

s

Начин на подготовка:

На тивок оган стопете го чоколадото со путерот. Одделете ги белките од жолчките и матете ги посебно. Во изматените жолчки додадете ги цврсто изматените белки, потоа додадете ги стопеното чоколадо и путер, и на крај додадете го брашното. Измешајте со лажица и смесата ставете ја да се пече 15 минути на 180 степени.

Маскарпоне сирењето изматете го убаво со шеќерот во прав. Посебно изматете ја слатката крем павлака. Спојте ги двете смеси и заедно убаво изматете ги да се соединат.

Добиениот крем поделете го на 3 еднакви делови. Растопете ги чоколадите. Во едниот дел додадете 100 грама бело чоколадо, во вториот дел 50 грама бело и 50 грама црно чоколадо, а во третиот дел 130 грама црно чоколадо.

Оладеното тесто филувајте го почнувајќи со најтемниот фил, па светло кафениот и на крај белиот фил. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер два часа, а потоа сервирајте.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.