сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 40

Чоколадни коцки без јајца и млеко

cokoladni-kocki-1-650x396

Поврзани вести

Она што мислевте дека е основно, за овој десерт воопшто нема да ви биде потребно. Еве како да подготвите вкусни чоколадни коцки без јајца и млеко.

Состојки:

1,5 филџан остро брашно;

3 лажици какао во прав (незасладен);

1 мал филџан шеќер;

1 лажица сода бикарбона;

Половина лажичка сол

1 лажица алкохолен оцет;

1 лажица течен екстракт од ванила

5 лажици растително масло

1 мал филџан вода

Подготовка:

  1.  Вклучете је рерната на 180 степени. Со масло премачкајте четвртаст плех од 20 сантиметри и во него промешајте ги првите пет состојки.
  2. Во смесата направете три вдлабнатини, две помали и една поголема. Во едната вдлабнатина ставете алкохолен оцет, во втората мала вдлабнатина екстракт од ванила и во третата, најголема растително масло. Сето тоа залејте го со вода и промешајте во еднолична смеса.
  3. Печете во рерна околу 35 минути. Пипнете со чепкалка за заби за проверка – ако колачот е готов, смесата не се лепи за чепкалката.
  4. Внимавајте само да не го препечете колачот. Украсете го колачот со чоколадна глазура и ставете кокосово брашно или мелени орево.

Совет: Колачот можете да го испечете и во кружен калап и од него да направите торта или во калапи да направите мафини.

Најчитани вести