Чоколадни коцки на кои ретко кој може да им одолее

Времето за подготовка е 40 минути, а од една доза излегуваат 72 чоколадни коцки.

Состојки:

250 грама шеќер

18 лажички вода

210 грама маргарин

150 грама мелени ореви

100 грама крупно сецкани ореви

250 грама мелен кекс

100 грама чоколадо

Шеќерот и водата ставете ги да провријат. Отстранете ги од огнот и додајте го маргаринот за убаво да се стопи. Истурете ги мелените ореви, па кексот и на крајот сецканите ореви и стопеното чоколадо. Сето тоа добро измешајте го додека не се соедини во глатка маса.
Ставете ја смесата во калап и со вилушка прошарајте по површината. Оставете ги во фрижидерот да се стегнат, па потоа сечете на коцки.
По желба наместо ореви можете да ставите бадеми, лешници или кршен кекс.