Чомски: Америка е расистичко општество (ВИДЕО)

Протестите во Фергусон многу лесно можат да се претворат во движење за борба против расизмот и за воспоставување социјална правда, смета професорот Ноам Чомски.

Тој истакнал дека основните принципи врз кои е изграден системот на САД се поробувањето и истребувањето на староседелците, а истакнал и дека не се направени никакви придвижувања во создавањето добри меѓурасни односи од завршувањето на Американската граѓанска војна.

„Тоа е многу расистичко општество, што е прилично шокатно. Тие ги криминализираат животите на негроидното население и тоа создаде нов вид ропство. Во затворите има најмногу црни луѓе, и тие стануваат одлична работна сила, далеку подобра од робовите“, истакнал Чомски.

Тој додал и дека негативниот однос кон Афроамериканците е длабоко вкоренет и во државниот врв.

„Претседателот Роналд Реган беше екстремен расист и не го криеше тоа, а целата таканаречена војна против дрогата е создадена за да им се оневозможи на црнците да  бидат дел од американското општетство. Најпрвин тоа се однесуваше на мажите, а потоа системот почна да ги отстранува и жените“, кажал Чомски.

Професорот додал дека постојат одредени привилегии за негроидната елита, но дека тие останале само на ниво на елитата и дека не се шират на останатото население.

„Тоа е американската историја и никаков мал трик не може да ја смени“, заклучил Чомски.