Чомски: Ердоган убива – Ердоган: Дојди во Турција

Американскиот лингвист и филозоф Ноам Чомски изнесе жестоки критики на сметка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој истакна дека турскиот лидер е „црн“ и дека има „колонијалистички менталитет“ поради повеќемесечните напади врз Курдите во југоисточна Турција, пренесува Б92.

Тој се најде на листата од 1.128 турски и странски академици од 89 универзитети во светот што го потпишаа отвореното писмо до Ердоган во кое изразија протест поради односот на Анкара кон Курдите.

Турција ја обвинува ИД за нападот во Истанбул, ја обвинува организацијата што Ердоган ја помага на многу начини. Ердоган ја лансираше тирадата против онире што жалат за неговите криминални дела против Курдите, кои се изгледа единствената копнена сила што се бори против ИД во сирија и Ирак. Дали е потребен понатамошен коментар? , наведе Чомски.

Тој исто така, ги повика турските власти да го сопрат масакрот и убиствата и да престанат со опсадата врз курдските градови, притоа обвинувајќи го Ердоган дека води војна против сопствениот народ.

Ердоган: Нека нашиот амбасадор во САД го повика Чомски!
Ердоган: Нека нашиот амбасадор во САД го повика Чомски!

На ова веднаш реагираше турскиот претседател.

Нека нашиот амбасадор во САД го повика Чомски, рече кратко Ердоган, по што повторно се огласи Чомски:

Ако одлучам да одам во Турција тоа секако нема да биде на негов повик, туку на повик на храбрите дисиденти, вклучително и на Курдите, што се под повеќегодишни напади, наведе Чомски во изјава за „Гардијан“.

Во меѓувреме, турската полиција приведе 12 академици што ја потпишаа декларацијата против воените операции во курдскиот регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.