Човечка грешка причина за несреќата во рудникот Добрево

Невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од рударите е причината за несреќата која се случи вчера во рудникот Добрево, во која беа повредени двајца рудари.

Еден од нив се здоби со потешки телесни повреди, додека другиот има полесни повреди, но и двајцата се надвор од животна опасност. И двајцата рудари се свесни и контактибилни со медицинскиот персонал во болницата во Штип.

Индо Минерали и Метали Македонија се во постојан контакт со повредените рудари и ќе ја следат нивната ситуација се до нивното целосно заздравување. Надлежните се веќе на терен и ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на причините за несреќата.

Компанијата останува посветена на грижата за сите вработени и ги прави сите потребни напори, со цел намалување на бројот на несреќи предизвикани од човечка грешка.”

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.