Човечки фактор причина за пожарот во Правда

Сe било во ред со струјната инсталација во зградата на Министерството за правда, кога пред десетина дена се запали четвртиот од петте ката на објектот лоциран во центарот на Скопје.

Останува варијантата дека пожарот бил предизвикан од човечки фактор, меѓутоа истрагата тоа треба да го докаже, како и да открие што точно се случило“, велат за БИРН извори од Mинистерството.

Според нив, поголеми се шансите пожарот да избувнал поради нечие невнимание, оставена цигара или решо, отколку некој да го подметнал, но сe додека истрагата не е затворена, сите опции се отворени.

Од полицијата за БИРН велат дека е рано за конкретни информации, чекаат обвинителството да им дозволи да ги вештачат изгорените предмети, како што налагала процедурата.

Од понеделникот вработените се вратени во Министерството, каде што се забележува вонредната состојба уште при влезот.

Во прилог галерија од изгорените простории што ги објави ТВ21.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.