Човечки останки во распаѓање пронајден во Сопиште

Од полицијата за Курир потврдуваат дека човечки леш во фаза на распаѓање бил пронајден во канализациона шахта при изведување на градежни работи за Сончев град.

Починато лице околу 12:30 часот било пронајдено во скопско Сопиште.

Полициски екипи се терен и увидот е во тек. Засега нема информации за идентитетот на починатото лице и причините за смртта. Според неофицијални информации се работи за женско лице.