Човек баран од Интерпол на чело на Ренџерс?

Фудбалскиот клуб Ренџерс, се обидува да ја подобри финансиската состојба, а во тоа се ангажира и Рафат Ризви.

Работата е во тоа што ова лице е на потерница и поради тоа е на мета на Интерпол.

Медиумите тврдат дека челникот на клубот Сенди Издејл бил заедно со Ризви и со Датук Фајзула Бин Амад од Малезија, во обид да го убедат да инвестира.

Како и да е, Бин Амад посочува дека Ризви бил осуден поради финансиска проневера во Индонезија.

Меѓутоа навивачите остро се спротивставуваат на овој план, односно не сакаат ова трио да има ништо со нивниот клуб, иако се едногласни дека статусот на нивниот омилен тим треба да се подобри.

Бин Амад се пофали дека и Азман бин Измаил, со кој што соработува, би можел да биде сопственик на овој шкотски состав.

Бин Амад е челник на малезискиот клуб Фелда Јунајтед и портпаролот на Ренџерс истакна дека е можно тимовите да соработуваат.