Човекот кој добил аманет да го чува Шишков: Васил имаше многу непријатели

Празнина останува на театарските штици по ненадејното заминување на Васил Шишков, се дел од реакциите на неговите колеги по смртта на 44-годишниот актер и син на легендата на македонското актерство, Ристо Шишков.

За утре е закажана комеморација во Македонскиот народен театар каде уметниците ќе се простат од него.

Канал 5 разговараше со актерот Александар Шехтански, човекот кој добил аманет од Ристо Шишков да се грижи за неговиот син.

– Васил беше напуштен од мајка си како мало дете а на 16 години го изгуби и таткото.  Јас добив аманет од неговиот татко, ден пред да почине, да се грижам за Васил. Така и беше. Кога се вработи ми се заблагодари и рече дека од тој момент ќе се грижи сам за себе. Има многу да се зборува за Васко….

– Тој како и татко му имаше многу непријатели. Јавноста треба да знае дека по смртта на татко му имаше обид да му го одземат станот – вели Шехтански.

Во „Вечна куќа“ Васил Шишков го играше неговиот татко Ристо Шишков. Васил целиот свој живот беше посветен на една мисла – да се зачува делото и името на неговиот татко…

Разговорот погледнете го во видеото.