Човекот кој изврши упад во холандската телевизија е уапсен

Деветнаесетгодишното момче кое синоќа упадна во Холандската телевизија и побара да зборува пред гледачите, беше уапсен, пренесе Њујорк Тајмс.

За среќа во инцидентот никој не беше повреден, но телевизијата цел час не емитуваше програма.

Според полицијата, човекот користел лажен пиштол и претходно немал криминално досие. Засега мотивите за нападот остануваат непознати.

Обвинителот Јохан Бак изјави дека човекот е од градот Пијнакер, а неговото име засега останува непознато.

ФОТО: Presstv.ir