Човекот кој се врати во Фукушима за да се грижи за животните

Педесет и петгодишниот Наото Мацумура е единствениот човек кој по нуклеарната катастрофа се врати во Фукушима. Тој решил да се врати за да се грижи за напуштените животни и миленици по трагичниот настан.

Прво се упатил за да ги спаси своите животни, но откако сфатил колку многу живи суштества имаат потреба од помош, останал таму.

Тој вели дека не се грижи премногу за своето здравје, иако живее на само 11 километри од нуклеарната централа.

Неговата мисија започнала во 2011-та година, а веќе четири години преживува исклучиво од донации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.