Човекот кому му се закануваше пратеникот Богоевски го повика на дебата

Кирчо Анастасов на кого пратеникот Павле Богоевски му се закануваше го повикува на јавна дебата на било која телевизија за како што вели се да разјаснат. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме статусот на Анастасов.

Мој пост: https://www.facebook.com/mokta.e.na…

Коментарот на пратеникот Павле Богоевски: https://www.facebook.com/mokta.e.na…

Моја реплика: Однапред се извинувам што не можев веднаш да одговорам, но некои луѓе едноставно мораат да работат во животот за да заработат за #Живот.

Генерално изненаден сум од ниското ниво на квалитет на содржина на одговори, од Ваша страна, имајќи ги предвид инвестираните сретства на СОРОС МРЕЖАТА и останати тренинг организации кои стоеја зад Вас како поединец. Искрено очекував кратки, конкретни одговори за да не си го трошиме меѓусебното време а сепак да ги разјасниме работите и да добие јавноста одговор за моите погоре поставени дилеми т.е. прашања.

Е сега бидејќи Вие опширно одговоривте ќе си дозволам и јас вака поопширно да Ви реплицирам.
Јас стварно незнам здравица од типот “НЕКА ПУКНАТ ДУШМАНИТЕ”,Знам за здравица “НА ЗДРАВЈЕ”,
“ЗА УБАВО ЗА АРНО НЕКА Е”, “ГОСПОД ДА НЕ БЛАГОСЛОВИ” и слични.

Таква здравица извини не сум знаел дека постои и неприфатлива ми е за мојот карактер! Исто така сметам дека не му доликува на Пратеник во Собранието на Република Македонија (дебело платен со јавни буџетски пари) за својата дејност која треба да биде од општо добро за сите, вака јавно да се обраќа на цела Македонска јавност. Тоа е мое мислење а Вие како сакате… Тоа е слика на вашата наобразба, карактерност и личност.
Толку околу ПРВОТО прашање.

ВТОРО: Убава е оваа кафеана во која се имате сликано во Делчево. Убави се сите кафеани во Делчево. Делчево е познато по добриот ноќен живот. Само мислам дека е лицемерно 2-3 години да се бориш против “режим” за да на крај завршиш во кафеана во Делчево со јадење и пиење, знаејќи притоа дака луѓето кои се бореле рано до рамо со тебе, има некои што искрено се бореле за идеали, за социјална правда, за помош на безимотните и сиромашните. А резултатот на таа борба е Павле Богоевски-Шарениот револуционер во кафеана со изобилство на јадење и пиење….
Пак ќе кажам ЛИЦЕМЕРНО (во најмала рака).

ТРЕТО: Пратеник по кафеани доцна во ноќта, во чие друштво се креваат чал’ми и се запира музиката да свири, и се руши спокојството на делчевчани, извини ама за мене тоа не е пратеник, туку обичен неизживеан поединец кој го удрило еуфорија во глава. Напоменувам дека имаше на времето еден градоначалник на Делчево кој беше редовен посетител на вакви седенки како твојата со изоболство месо, пиење и јадење, и верувај ми не заврши славно на наредните избори помеѓу народот.

За Општина Делчево и нејзините долгови:
Те молам не навлегувај наивно во теми што некој од твоите локалци ти ги пренел а они кутрите без ронка капацитет се фаќаат како слеп за стап без да знаат дека стапот е трнлив.

Ќе те упатам на информацијата дека општина Делчево за првпат од кога и датира сегашниот долг (мултиплициран со камати кои ја надминуваат главнината) е задолжена во 1998 година со потпишан ШТЕТЕН договор од страна на тогашен градоначалник од редовите на СДСМ со посредство на тогашен пратеник од редовите на СДСМ БЕЗ ПОКРИТИЕ со финансиски сретства во Буџетот на општина Делчево.

Те молам само за оваа тема не се фаќај зошто твојата политичка партија (преку тогашните нејзини функционери) која сега ја застапуваш во парламентот според сите релевантни документи и финансиски параметри е виновна за оваа ситуација повеќе од било кој друг!

Убаво што ја поттикна оваа тема за задолжувањето на општина Делчево за која
ЈАВНО ТЕ ПОВИКУВАМ КАКО ПРАТЕНИК ДА СИ ОДБЕРЕШ ТЕРМИН И МЕДИУМ ЗА #ДЕБАТА ЗА ДА РАЗЈАСНИМЕ

пред цела Македонска јавност (по којзнае кој пат) на Ваквите како Вас политичари кои сакаат да забораваат и да манипулираат со дезинформации и лаги околу причините и состојбите со блокираната сметка на општина Делчево, како и нејзините особено тешки финансиски услови за работа кои меѓу другото се резултат на ваквото задолжување.

А од друга страна пак да се обидеме заеднички да издејствуваме решение на ваквиот наметнат проблем од минатото на СДСМ во Делчево, кој потоа само се пролонгира, од интерес на сегашните и идни генерации на овој наш прекрасен град/општина.
ЧЕТВРТО: Ќе ти одговорам таму кај што си посочил на линкот. Тука само ќе те запрашам: Дали знаеш чиј е овој телефонски број (подолу на графичкиот принт скрин од мојот телефон) на кој средната бројка е замаглена?

Верувам дека го препознаваш. Тоа е бројот од кој на мене ми се заканија по живот дека “ќе ми летне главата на сред улица”.

Толку околу твоите дилеми дали е вистина или не моето тврдење и изјава во полиција.

19260744_1456983487696519_7320164934769766326_n
Телефонскиот број од кој ми беше упатена закана по мојот живот

 

ШЕСТО, СЕДМО, ОСМО, ЕДИНАЕСЕТТО, ТРИЕСЕТ И ВТОРО….

Политиката која ја терате и пропагандата која се обидуваш да ја наметнеш во оваа дискусија е беспредметна и не сакам да го оптеретувам мојот ѕид со празна политичка реторика.

Ако сте толку убедени дека ова навистина е правата политичка насока- ок, терајте.

Јас мислам дека НЕ Е. А во секое време изборите нели ќе кажат кому народот ја дава мнозинската поддршка за раководење на институциите во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ПА ПОВЕЛЕТЕ НА ИЗБОРИ!

Ти благодарам што најде време и простор да ми одговориш. Јас и понатаму ќе продолжам јавно да прашувам, а ако сметаш дека би можел да ми одговориш повремено, слободно повели.
Поз. Секое добро.