Чучер-Сандево ќе добие детска градинка

Чучер-Сандево ќе добие детска градинка
Чучер-Сандево ќе добие детска градинка

Во општина Чучер Сандево во изградба е прва градинка која ќе има капацитет да згрижи околу 150 деца. Досега децата од општината биле згрижувани во соседните општини или во општините каде работат нивните родители. Инвестицијата е на Министерството за труд и социјална политика и oпштината.

– Денеска вршиме увид на градежните активности на градинката која треба да биде прилично голема и да зафаќа површина од околу 1000 метри квадратни. Се работи за заедничка инвестиција на Општина Чучер-Сандево и на Министерството за труд и социјална политика. Како Министерство и како Влада во изградбата и опремувањето на оваа градинка ќе учествуваме со осум милиони денари, додека пак околу 10 милиони денари ќе инвестира самата општина, истакна министерот за труд и социјална полтика Диме Спасов.

Со изградбата на нови градинки, додаде тој, се создаваат квалитетни и современи услови за ран детски развој, меѓутоа, како што рече, новите градинки значат и подобрување на квалитетот на живот на жителите во општините каде досега воопшто немало детски градинки.

35000DSC 0515

– Станува збор за градинка која ќе има капацитет да згрижи околу 150 деца и е од голема важност за жителите на оваа општина со оглед на тоа што ова е и нивно долгогодишно барање, но и ветување на Владата дека ќе помогне во отворање на детската градинка. Очекувам општината, со оглед на фактот дека ние како МТСП веќе трансфериравме средства за доградба и опремување на овој објект, да го заврши целосно на почетокот на