Чудни звуци на снимките од црните кутии на рускиот Ербас

На снимките од црните кутии на рускиот Ербас се случаат чудни звуци „некарактеристични за стандарден лет“ непосредно пред авионот да исчезне од радарот, пренесуваат руските медиуми.

Новинската агенција „Интерфакс“ го цитира извештајот на властите во Каиро кои први имаа можност да ги проследат снимките од црните кутии на Ербасот.

Според нивиот извештај по вообичаениот разговор помеѓу членовите на екипажот „на снимката се слушаат некарактеристични звуци за стандарден лет непосредно пред исчезнувањето на авионот“.

Според „Интерфакс“ од снимките може да се утврди дека новонастанатата итна ситуација на летот ги изненадила членовите на екипажот и пилотите воопшто немале време да упатат сигнал за тревога.

американскиот сателит снимил силен „топлотен блесок“ во областа за време на падот на авионот.
Американскиот сателит снимил силен „топлотен блесок“ во областа за време на падот на авионот.

Сеуште не е јасно што ја предизвика авионската несреќа, освен што се знае дека авионот се распаднал во воздух. Како три можни причини се наведуваат пилотска грешка, експлозивна направа или надворешно дејствување.

Вчера, американските разузнавачки служби соопштија дека американскиот сателит снимил силен „топлотен блесок“ во областа за време на падот на авионот.

Според нив, доказ дека авионот не е погоден од ракета е тоа што на „топлотниот блесок“ не му претходела „топлотна трага“ во позадина.

Според експертите во САД најверојатна причина за падот на авионот е експлозија, но од сателитските снимки неможе да се утврди дали станува збор за експлозија на резервоарот или за бомба.

Руските власти сеуште не ја исклучуваат можноста за терористички напад врз авионот. Во авионската несреќа животите ги загубија сите 224 патници и членови на екипажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.