Чудо – Мироточи иконата на Свети Никодим Прилепски и Тимански

На големиот христијански празник Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, го објави чудото кое се случило со иконата на св. Никодим Прилепски.

Иконата на Свети Никодим Прилепски и Тимански почна да мироточи. Станува збор за икона која е копија на иконата зографисана во Зрзевската иконописна школа, од страна на монахот Тихон. Копијата е изработена од страна на отец Стеванче Тодороки, прислужител во храмот Св. Благовештение.

Мироточењето е забележано на 30 март годинава, а на Цветници почна да благоуха – се работи за неколку капки, кои во почетокот беа мали, но со текот на времето се зголемуваа сè повеќе и повеќе. Ова е прва икона на преподобниот Никодим Прилепски и Тисмански, која мироточи во градот Прилеп.

prilep-222222.jpg-500

Благата вест за мироточењето на иконата, пред верниците, беше објавено на храмовата слава од страна на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско – Пелагониски г. Петар. Со светата Божествена Литургија чиноначалствуваше митрополитоп г. Петар, во сослужение на митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф, митрополитот Кумановско – Осоговски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент.

Веднаш после литургијата иконата беше поставена во средината на храмот, пред која се поклонија најнапред свештенослужителите, а потоа и многубојниот народ.

Извор: Македонска православна црква-Охридска Архиепископија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.