Чудовиште од стадион во Лил

Лил ќе биде домаќин на финалето од Дејвис купот, во кое ќе се сретнат деветкратниот шампион Франција и Швајцарија, која ќе има можност за првпат да стигне до титулата во ова натпреварување.

Секако дека натпреварите ќе бидат во фокусот на јавноста, но дотогаш најголемо внимание привлекува стадионот во Лил, кој е вистинско чудо на технологијата.

Stade Pierre-Mauroy е ултрамодерен повеќенаменски стадион, кој по потреба се трансформира во разни други спортски арени или сали за концерти.  Поврзан е со железнички и метро линии, има паркинг за над 7.000 возила, има капацитет од 50.000 места за седење, обезбедува сопствена електрична енергија преку соларни панели и ветерници, има подвижен кров, а фудбалскиот терен може да се подигнува и поместува.

За потребите на Дејвис Куп финалето, стадионот ќе се трансформира во тениска хала со капацитет од 27.000 гледачи, а она што фасцинира е дека оваа трансформација ќе трае само еден час.

Следната година на на истиот овој стадион во Лил ќе биде конструиран и кошаркарски терен за потребите на Европското првенство во кошарка.