Чупковиќ херој на Кожув во победата над Лирија

Четири четвртини во Гевгелија не беа доволни да се дознае победникот во дербито на колото помеѓу Кожув и Лириј во Суперлигата. Но, блесокот во самата завршница од продолжението на Славен Чупковиќ донесе триумф на домашниот тим од 94:93, за задржување на врвот на табелата. Тој постигна три тројки за една минута со што му ја донесе победата на Кожув.

Чупковиќ со 30 поени беше најпрецизен во победничкиот тим, Штерјов имаше дабл-дабл од 21 поен и 10 скокови, Пековиќ и Мијајловиќ постигнаа по 14 поени, како и Караџовски кој додаде 10 поени.
Кај Лирија, Бојан Трајковски беше најпрецизен со 24 поени, додека Нешовиќ и Тасовски додадоа по 22 поени.

Со овој триумф, Кожув останува на врвот во Суперлигата без пораз по две кола, додека за Лирија ова беше прв загубен натпревар, по триумфот над Куманово минатиот викенд.
Денеска играат Куманово – МЗТ Скопје, Работнички – Струмица