Чувала кози во Мароко, а денес е првата муслиманка министерка во Франција

Чувала кози во Мароко, а денес е првата муслиманка министерка во Франција
Чувала кози во Мароко, а денес е првата муслиманка министерка во Франција

Нажа се бори против дискриминација, промовира граѓанскиправа, се залага за јакнење на локалната демократија, а денес ја викаат „новото лице на Франција“.

„Политиката не ја гледам како кариера. Ја гледам повеќе како шанса. Тоа не е бланко чек. Навистина треба да испорачаш!“

 Нажа Вало Белкасем пред две години е поставена за министерка за образование во Франција, а пред тоа била министерка за женски прашања, министрека за градски работи и за спорт и млади. Со тоа станала најмлада личност која влегла во владата и прва муслиманка на таква позиција.
Нејзината неверојатна приказна од чување кози во родното Мароко, до министерка фасцинира се повеќе луѓе, пишува Вог.
belkasem najat-belkacem-ministerstvo-francija-03
По терористичките напади во Париз, на младата министеркападна голем товар: Во училиштата ширум Франција да ги зацрвсти основните национални вредности. „Да се помири непомирливото“, така во неколку зборови ја опишува својата работа француската министерка за обраование и мајка на близнаци, 37-годишната Нажа Вло Белкасем.

Нажа била претставник за медиумите на претседателот Фраансоа Оланд при неговата претседателска кампања, потоа негова министерка за женски права. Од терористичките напади, таа е важен глас воборбата ппротив екстремизмот меѓу младите луѓе, како критичар на насилството и како некој кој ја истакнува важноста на школото во борбта против овие појавви.

Под притисок да покаже одлучност веднаш по нападите во редакцијата на Шрли Ебдо, таа објавила дека ќе вложи 250 милиони евра на учење на учениците и студентите на вистински вредности. Моралот и цивилните лекции станале задолжителни. Учениците мораат да потпишат дека религиските недоразбирања и незадоволства ќе ги остават зад училниците.
Нажа и самата е мигрант,израснала во сиромашно опккружување и донекаде тоа и помогнало да успее нејзиниот план за асимилација.
 назаааа
„Доколку религијата биде дозволена во училиштата, учениците во еден момент ќе го доведат вов прашање градивото кое го добиваат“, изјавила таа.
Нејзините најрани сеќавања се когасобирала вода од блискиот извор со сестра си Фатиха, која сега е адвокат во Париз, и кога му помагала на својот дедо во чување кози. Нејзиниот татко Ахмед избегал во Абевил во севернаФранција, пред таа да се роди, а кога имала четири години тој успеал да најде работа во фабриката за автомобили „Рено“ и ги донел жената и ќерките да живеат со него.