Чувар од УЈП малтретирал малолетна Американка

ујп

Од полицијата информираат дека вчера околу 21 часот 15 годишно девојче од Северна Каролина-САД, заедно со нејзиниот старател М.М. (39), двете сместени во Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 16.30 часот  на ул. „11-ти Октомври“, пред зградата на УЈП непознато лице-вработено како чувар во УЈП, ја малтретирал на јавно место.

-Од страна на полициски службеници бил пронајден сторителот со кого бил извршен разговор, по што против истиот е поднесена прекршочна пријава, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.