Чуварите на демократијата пресекоа црвена лента за бизнисот со издавање станови

Чуварите на демократијата и изборната волја денес преку пародија потсетија на скандалот со издавање станови во кој се најдоа потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и нејзиниот сопруг, пишува Курир.

Со сечење на лента, чуварите на демократијата го прикажаа, како што велат, најпрофитабилниот бизнис во Македонија.

-Ние, чуварите на демократијата денес се собравме да ја пресечеме лентата за најпрофитабилниот бизнис во Македонија, бизнисот со изнајмување на станови. Почетна цена на становите е 4.000 евра, изјавија тие.

Чуварите на демократијата, по завршувањето на народниот собир за силна Македонија одржан во понеделникот останаа да кампуваат пред Собранието. Тие остануваат таму и во наредните денови, за, како што велат, да ја чуват демократијата и изборната волја.

За нивните следни активности, велат дека дополнително ќе информираат.

kamp1-500

kamp4-500

kamp500