„Чуварите на галаксијата“ дефинитивно останаа без својот режисер

Дизни и Марвел одлучиле да не го вратат Џејмс Ган како режисер на третиот дел од франшизата „Чувари на Галаксијата“, откако го отпуштија минатиот месец. Според Variety, претседателот на Марвел, Кевин Фајџ, иако се шпекулираше дека ќе го поддржи враќањето на Ган, застанал зад конечната одлука на Дизни.

Ган доби отказ дојде откако алтернативен портал ги „откопал“ контроверзните твитови на режисерот од пред неколку години, во кои се шегувал за педофилијата и силувањата, но во контекст на неговата критика за Доналд Трамп.

Режисерот на претходните два филма за „Чуварите на галаксијата“ доби отворена подршка од Холивуд за негово враќање на режисерското столче, вклучувајќи ги и актерите од филмовите кои потпишаа отворено писмо во кое го поддржуваат неговото повторно вработување. Дејв Баутиста подоцна изјави дека можноста да работи на продолжението без Ган е “мачна”.

Ган претходно се извини за лошо оценените твитови пред неговото вработување од страна на Дизни за првите „Чувари на галаксијата“ во 2012 година.

Засега нема информации збор кој би можел да го замени Ган, а нејасно е дали шефовите на Дизни планираат да го користат неговото сценарио кое веќе е завршено. Ган е особено почитуван од фановите, но и од Марвел за тоа како ја вклопил целата приказна за „Чуварите“ во контекст на случувањата на другите супер херои на Марвел, кои се собрани заедно во спектаклот „Одмазници- Вечна војна“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.