ЦИА го режирала обезглавувањето на американскиот новинар?!

Познатата ужасна снимка со егзекуцијата на американски новинар од страна на екстремистичката ИСИС што го потресе светот, е всушност добро изрежиран студенски труд под надзор на ЦИА и Израел.

 Ваквото шокантно тврдење го пласираа турските весници „Тараф“ и „Ватан“, повикувајќи се на извештајот од влијателниот американски весник „Вашингтон пост“.

Турскиот весник, повикувајќи се на американски извори тврди дека во истиот студенски труд е снимен „перформанс“ за наводното извршување на смрттна казна над најбараниот терорист на сите времиња, Осама Бин Ладен.

На интернет се појавија и други слични видео снимки со погубување, кои наводно биле снимени и режирани во истото студио, притоа прикажувајќи меѓународен тероризам за легитимна и неопходна интервенција на Америка.