ЦИА објави извештаи за вонземјани и летечки чинии

Конечно дојде и тој ден за сите оние кои веруваат во теоријата дека не посетуваат вонземјани и дека „вистината е некаде таму“.

ЦИА објави стотина документи со кои е симната ознаката на тајност, а кои се однесуваат на оваа тема.

-Одлучивме да објавиме документи кои се интересни и за скептиците, но и за оние кои веруваат, велат од ЦИА.

Сите документи се од четириесетите и педесетите години на минатиот век.

Објавени се неколку многу интересни документи. Еден од нив е извештајот од Источна Германија каде агентите истражувале приказна за огромна летечка чинија. Слични извештаи се работени и во Шпанија и Северна Африка.

-Фотографијата од објектот прикажува дијагонална линија и светло кое се намалува, стои во еден од документите.

ЦИА дури објави и неколку фотографии од НЛО, но и нешто што се претставува како делови од тело на вонземјани?!

За оние кои се повеќе на страната на скептиците, објавени се и неколку научни објаснувања.