Цибона подобра од Игокеа, Цедевита со триумф на гости кај Тајфун

Цибона славеше на домашен, Цедевита на гостински терен

Цибона на свој терен во Загреб ја совлада Игокеа за трет триумф оваа сезона, додека Цедевита на гостински терен против Тајфун дојде до петтата победа.

Постигнати резултати:
Цибона – Игокеа 86:72,
Тајфун – Цедевита 67:78.

Одиграно претходно:
Мега – Сутјеска 101:72,
Задар – Олимпија 67:56,
Крка – МЗТ СКопје 72:68,
Будуќност – Металац 83:72.

Осмиот круг утре ќе биде затворен со белградското дерби Црвена Звезда – Партизан.

На табелата води Будуќност со 15 бодови, пред Мега Лекс која има 14. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е на делба на петтата позиција со уште пет екипи кои имаат по 12 бодови.