Цигарите ќе поскапат за 3 денари

Според календарот за зголемување на акцизата за цигарите, на 1 јули 2015 година цигарите треба да поскапат за 0,15 денари по парче или по 3 денари за кутија.

За околу 3 денари за кутија ќе се зголемува цената на цигарите се до 1 јули 2016, а потоа, во следните 7 години, секоја година цигарите ќе поскапуваат по окoлу 4 денари за кутија.

Кутијата која сега чини 60 денари, догодина ќе чини 63 денари, а во 2023 година би чинела 94 денари.