Цигарите убиле повеќе луѓе одошто двете светски војни заедно

Британскиот весник „Гардијан“ наведува дека „цигарите однеле повеќе човечки животи одошто Првата и Втората светска војна заедно“.

Познато е дека војните и етничките судири во 20-от век ширум целиот свет однеле голем број жртви, но помалку е познато дека пушењето предизвикало повеќе жртви од сите војни во изминатиот век.

Иако е тешко да се дојде до прецизни податоци, досегашните истражувања покажале дека војните и различните болести се двајцата најмасовни убијци во светот. Имено, британскиот весник „Гардијан“ наведува дека „цигарите однеле повеќе животи одошто двете светски војни заедно“.

Според резултатите од истражувањето на Светската здравствена организација (СЗО), цигарите предизвикале смрта на 100 милиони лица во текот на 20-от век.