Македонија

Циклон доаѓа кон Македонија, подгответе се за невреме и многу грмежи

Циклон доаѓа кон Македонија, подгответе се за невреме и многу грмежи

Денескa во пладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност кој ќе  биде проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во  планинските подрачја во западна Македонија, информираат од УХМР.

Утре  попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на следната работна недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.

Утре попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер. Потоа, во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа  проследени со ретки  грмежи и со засилен северен ветер. На повеќе места врнежите ќе бидат изобилни.  

Температурата на воздухот во вторник ќе биде за 10 тина степени пониски во споредба со денешната, а од четврток ќе има постепен пораст.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.