Циклонот Давид ќе направи потоп низ Македонија

Подрачјето на Македонија од денес па се крајот на продолжениот викенд ќе биде зафатен од моќен циклон кој доаѓа од Медитеранот, пишува метерологот Славчо Попоски. Името на овој циклон е Димитар.

Овој циклон ќе ни донесе обилни врнежи од дожд над целата територија на Македонија. Ќе има и локална појава на грмежи. Особено обилни врнежи ќе имаме за време на викендот што доаѓа. За време на овој циклон на некои места се очекува да наврне огромна количина  воден талог (над 80 литри на квадратни метри).

Повремено ќе дува силен ветер од јужен правец кој се очекува да достигне брзина од преку 60 километри на час. Температурата ќе биде во значително опаѓање и за време на викендот ќе биде за десетина степени пониска од сегашната.