Циклонот Деби со намален интензитет

Луѓето, кои живеат во североисточните региони, погодени од бурата, открија изутринава покриви паднати во нивните градини, исфрлени чамци на копно и блокирани патишта поради паднатите дрвја и далноводи.

Австралиската армија испрати автомобили, хеликоптери и најнеопходни продукти кон погодените региони, а подоцна денеска ќе почне операција за расчистување.

Околу 60 илјади куќи се без електрична енергија, неколку населени места се отсечени од светот, без пристап до комуникации. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до тие зони, за да се уверат дека луѓето се безбедни, изјави полицискиот комесар Јан Стјуарт.

Нема податоци за евентуални загинати. Еден маж беше повреден при уривање на ѕид во градот Прозрпеин, но неговата состојба е стабилна.