Циклонот Ита ја парализираше Австралија

Тропскиот циклон Ита го погоди североисточното крајбрежје на Австралија, оставајќи илјадници луѓе без струја и телекомуникациски врски.

Десетина илјади лица се сместени во засолништа, додека доцна синоќа имало силен ветер и дожд. За среќа, нема повредени или жртви, бидејќи циклонот Ита ослаблан на бура од прва категорија.

Претседателот на владата на Квинсенд, Кемберл Њуман, изјавил дека десетина илјади лица на северот на земјата останале без електрична енергија и предупредил дека циклонот Ита и понатаму е закана за жителите во јужните делови на земјата.

Предупредувањето од опасност од циклон и понатаму е на сила во крајбрежните подрачја Кардвел и Куктаун, каде ветрот носел покриви од куќи и корнел дрвја.