Циклонот „Тамара“ на Србија и носи уште пообилни врнежи

Во текот на оваа вечер, во Белград, Шумадија, Срема и Бачка се очекуваат обилни врнежи, а во останатите предели ќе бидат со послаб интензитет, соопштуваат од Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

Од вторникот, Србија ја зафати циклонот „Тамара“ кој ќе остане запаметен како најврнежливиот циклон откако се вршат метеоролошки мерења во Србија.

Од Хидрометеоролошкиот завод, за српски Телеграф изјавиле дека водостојот на Сава во Белград е во пораст и се очекува својот максимум да го дистигне во втроник, 20 мај што ќе биде алармантна ситуација за прв степен на вонредна состојба.