Ципрас со повик до пратениците да го одобрат економскиот пакет

Денеска пред грчките пратеници ќе се најде економскиот пакет за помош од 85 милијарди евра. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика пратениците да одобрат  пакетот кој тој го оквалификува како „неопходен избор“ за државата.
Обраќајќи се во парламентот пред пратениците да гласаат за договорот со кредиторите, Ципрас наведе дека министерот за финансии Евклидис Цакалотос ќе води битка на средбата на Еврогрупата денеска за да избегне закана од преоден заем.

Преодниот заем кој и се предлага на Грција како замена, би значел враќање кон „бескрајна криза“, смета Ципрас.

Грција може да добие 6,04 милијарди евра преоден кредит, доколку министрите за финансии од еврозоната не одобрат нова спасувачка програма за Атина на вонредната седница, планирана за денеска, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на предлозите на Европската комисија подготвени за средбата.

Според предлогот преодното финансирање треба да биде за период од максимум три месеци.

Преодниот кредит ќе значи „враќање на кризата до бескрај, смета грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Преодниот кредит ќе значи „враќање на кризата до бескрај, смета грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Преодниот кредит ќе значи „враќање на кризата до бескрај, смета грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Се очекува министрите за финансии на земјите од еврозоната, обединети во Еврогрупата да се сретнат денеска во Брисел, за да ја разгледаат спогодбата, договорена меѓу Атина и кредиторите.

Во грчкиот Парламент сеуште продолжуваат дебатите за спогодбата, кои почнаа доцна синоќа.

Грција на 20 август треба да и исплати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка.

Германски медиуми: Ципрас размислува за избори во септември

Грчкиот премиер Алексис Ципрас интензивно размислува за предвремени избори кои би се одржале на 13 или 20 септември, пренесува МИА, повикувајќи се на пишувањата на германската агенција МНИ пренесени од страна на грчките медиуми.

Според германскиот медиум, Ципрас сака да има избори веднаш по одобрувањето на третата програма за помош, со оглед на тоа што сака да ја реконструира Сириза и да си обезбеди нов чист почеток.

Вториот пакет реформи усвоен во Грчкиот парламент

Инаку, грчкиот Парламент рано утрово го усвои вториот пакет мерки за реформи, по што можат да почнат преговорите со кредиторите за третата помош. Вкупно 230 пратанеици гласаа против, од кои 36 беа од Сириза. Во Грција се коментира дека ова сепак е помала бројка од минатата недела кога 39 пратеници на владејачката партија гласаа против првиот пакет реформи. Познавачите коментираат дека „се на се, Ципрас е во сосема истата тешка позиција како што беше пред гласањето“.