Ципрас и Бан Ки мун разговарале за проблемот со името

На средбата во Њујорк бил присутен и медијаторот Метју Нимиц, јави дописникот на МИА од Атина.

Според грчки владини извори, генералниот секретар на ОН ги смета за „особено позитивни“ мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција.

Ципрас, од своја страна, повторил дека Грција има цврст став за прашањето за името, но и дека вложува напори да се најде решение за сложено име со георгафска одредница за вкупна употреба.