Ципрас бара санкции за држави од ЕУ што нема да прифатат квота бегалци

Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада
Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада

Грчкиот премиер Алексис Ципрас повика на воведување санкции за држави од Европската унија што нема да преземат свој дел од стотиците илјади мигранти.

Ципрас исто така побара особено спората процедура за раселување на бегалците во Грција во други држави од ЕУ да биде забрзана.

По средба со претседателот на ЕС, Доналд Туск денеска во Атина, Ципрас вети „достојни“ услови за живот за над 25.000 мигранти кои се блокирани во Грција.

Тој нагласи дека тоа решение може да биде само времено и Грција ќе преземе само свој дел од предвидениот број бегалци. Туск изјави дека Грција ќе продолжи да биде дел од Шенген, еврозоната и Европската унија.

– Исклучување на Грција од Шенген не претставува излез, ниту средство за решавање на миграциската криза. Грција ќе остане дел од Шенген од еврозоната и од ЕУ, истакна претседателот на Европскиот совет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.