11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ципрас без поддршка за договор за името

ФОТО: ЕПА

Според Ројтерс (Атина), грчкиот премиер Алексис Ципрас во саботата не успеа да добие поддршка од лидерот на најголемата опозициска партија за да изгради консензус пред интензивираните преговори помеѓу Грција и Македонија за решавање на повеќедеценискиот спор за името.

Грција верува дека името Македонија имплицира територијални претензии на северниот регион во Грција со истото име. Стотици илјади Грци се собраа во Солун овој месец да протестираат против употребата на името Македонија во крајното решение за спорот.

Лидерот на конзервативната Неа Демократија Киргијакос Мицотакис во телевизиското обраќање по средбата со Ципрас истакна дека ,,Ние нема да ги поделиме Грците за да го обединиме Скопје’’ пренесува Ројтерс. Од Ројтерс напоменуваат дека партијата на Мицотакис води на анкетите во овие моменти.

Неуспехот на Ципрас за добивање на поддршка од опозицијата за решавање на спорот со името го пренесе и Euronews. Во репортажата за разговорите на Ципрас со опозицијата се вели ,, Грчкиот премиер Алексис Ципрас не успеа да добие поддршка од опозицијата за интензивираните разговори помеѓу Атина и Скопје за решавање на повеќедеценискиот спор за употребата на името Македонија’’. Атина верува дека името Македонија имплицира територијални претензии на Грчкиот регион кој го носи истото име.

Ахмети пак за грчкиот весник Катимерини вели ,, Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија, вели Али Ахмети во интервјуто за, објаснувајќи дека владата и опозицијата имаат историска одговорност да постигнат решение и да ги одведат граѓаните и земјата во НАТО и ЕУ. Ќе учествуваме во преговорите за да постигнеме решение, а не само за да преговараме. Потребно ни е решение, и нас во Скопје и вас во Атина. А подобро време од сега не постои’’.

Љубомир Фрчковски еден од главните креатори на политиките на СДСМ за Радио Слободна Европа потенцира дека национален консензус нема да има и власта ќе биде таа која ќе ја понесе одговорноста за името односно таа која ќе го промени.

Според Аналитичарот Сашо Клековски ,, Ќе бидеме екстремно глупави ако дозволиме повторно да бидеме прејдени од Грците и да го смениме името за џабе’’ . Тој додаде оти веќе еднаш сме биле прејдени од Грците мислејќи на нивното непочитување на привремената спогодба кое го докажа и меѓународниот суд за правда.

Промената на македонското уставно име е се по очигледна, Ерга Омнес е барањето на Грција, а македонската влада води политика на свиткана кичма. Според предлогот на Ахмети за решавање на спорот за името по теркот на договорот со Бугарија, етничките Македонци граѓани на оваа држава повторно ќе бидат страната која ќе попушти и чие достоинство и национален идентитет ќе биде повреден.