Балкан

Ципрас, Борисов и Вучиќ во Солун ќе разговараат за Македонија

Ципрас, Борисов и Вучиќ во Солун ќе разговараат за Македонија
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ (трет од лево) и шефот на дипломатијата на Грција, Никос Коѕијас на среда во Солун, 13 јули 2017. Српската делегација предводена од претседателот Александар Вучиќ престојува во Солун на првата седница на Високиот совет за соработка ќеѓу Србија и Грција, како и на трилатералната средба Србија – Грција – Бугарија. FOTO TANJUG/ DRAGAN KUJUNDZIC/

Дека трилатералната средба во Солун посветена на Македонија се одржува со амин на Брисел потврдува присуството на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Mакедонија ќе биде главна тема на денешниот состанок на Грција, Србија и Бугарија во Солун. Заедничка средба ќе имаат премиерите Алексис Ципрас и Бојко Борисов како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Иако во најавите стои дека главна тема ќе бидат инфраструктурни проекти, медиумите во Грција и во Бугарија најавија дека најмногу ќе се разговара за Македонија и за нерешените прашања со Атина и Софија на патот кон евроатланските интеграции.

Дека трилатералната средба во Солун посветена на Македонија се одржува со амин на Брисел потврдува присуството на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Бугарија како услов за поддршка на Македонија наметнува потишување на договор за добрососедство во кој треба да прифатиме дека имаме заедничка историја и заедно да го славиме Илинден.Грција пак бара Македонија да го промени името за да даде зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ и за покана за НАТО.Српските власти досега неколкупати им се додворија на грчките, посебно шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ.Тој на средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас изјави дека Србија жали што ја признала Македонија под уставното име.

Дачиќ изјави дека останува на кажаното и дека Србија ќе се однесува реципроцитетно во однос на Македонија.

„Повеќепати на македонските официјални лица им порачав – како вашата држава ќе се однесува во меѓународната политичка арена и организации кон Србија, така ќе се оденесуваме и ние кон вас“, рече првиот потпретседател на српската влада и шеф на дипломатијата.