Балкан

Ципрас денес на дебата во Европски парламент

Ципрас денес на дебата во Европски парламент
Ципрас: Не барам втора шанса, туку шанса да го продолжам првиот напор

Неколку часови по неуспешниот самит во Брисел, грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска учествува во дебатата на пленараната сесија на Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Стразбур.

На дебатата за заклучоците од европскиот самит, покрај Ципрас, чие обраќање се очекува со голем интерес, ќе говорат уште и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск.

cipras-kriza-grcija
Грција доби последна шанса за спас

За дебатата се пријавени над трисет европратеници, на кои Ципрас ќе треба да им даде одговори за грчката позиција и предлозите за излез од кризата.

Ципрас на влезот во салата беше поздравен со аплаузи од негови привзаници, кои излегоа во холот за да се поздрават со него, но и со свирежи, што доволно зборува за поделеноста меѓу европратениците по прашањето на грчката криза.